Дома Фудбал Англија Ниту Јунајтед, ниту Раиола – Кој го стопираше трансферот на Погба?

Ниту Јунајтед, ниту Раиола – Кој го стопираше трансферот на Погба?

Летниот трансфер период го одбележаа неколку трансфер “сапуници“, меѓу кои и онаа со Погба. Играчот на Јунајтед не го покажа она што се очекуваше од него, па затоа беше поврзуван со заминување од Олд Транфорд.

Беше поврзуван со трансфер во редовите на Реал Мадрид, каде ќе имаше прилика да соработува со Зинедин Зидан, но на крајот до тоа не дојде. Некои медиуми за неуспехот го обвинија Јунајтед поради високо поставената цена, но изгледа уште еден “играч“ имал важна улога во останувањето на Погба во Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се работи за компанијата Адидас. Французинот е еден од заштитните лица, а моментално е во третата година од договорот со компанијата за спортска опрема. Англиските медиуми пренесуваат дека луѓе од Адидас интервенирале за Французинот да остане на Олд Трафорд, а причината за тоа е поголемата комерцијална вредност која ја имаат во Премиер лигата, отколку во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…