Меѓународниот центар за фудбалска статистика (CIES) направи внимателна пресметка за тоа кој клуб потрошил најмногу пари на трансфери ви изминатата деценија.
Не е изненадување дека тоа е англискиот шампион Манчестер Сити. „Граѓаните“ во последните десети години на засилувања потрошиле неверојатни 1.638 милијарди евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Втор клуб на листата е каталонскиот гигант Барселона, кој потрошил точно 1.525 милијарди евра за трансфери.
На третата позиција е уште еден англиски клуб, Челзи. „Сините“во последните десети години на засилувања потрошиле 1.428 милијарди евра.
Во Топ 10 се уште ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Интер.
20 клуба кои потрошиле најмногу:
1. Манчестер Сити: 1,638 милијарди евра
2. Барселона: 1,525 милијарди евра
3. Челзи: 1,428 милијарди евра
4. ПСЖ: 1,392 милијарди евра
5. Јувентус: 1,272 милијарди евра
6. Манчестер Јунајтед: 1.265 милијарди евра
7. Реал Мадрид: 1.236 милијарди евра
8. Атлетико Мадрид: 1.110 милијарди евра
9. Ливерпул: 1,075 милијарди евра
10. Интер: 968 милиони евра
11. Рома: 896 милиони евра
12. Монако: 862 милиони евра
13. Милан: 854 милиони евра
14. Арсенал: 831 милиони евра
15. Тотенхем: 764 милиони евра
16. Евертон: 753 милиони евра
17. Баерн Минхен: 727 милиони евра
18. Борусија Дортмунд: 702 милиони евра
19. Наполи: 693 милиони евра
20. Валенсија 611 милиони евра