Рој Кин го обвини поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон за непотизам.
Поранешниот капитен на клубот се сомнева дека Фергусон го правел најдоброто за Јунајтед поради начинот на кој избркал некои одлични играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кин и Фергусон не разговарале од кога поранешниот играч за врска доби дозвола да го напушти „Олд Трафорд“.
„Луѓето зборуваат за одличната работа на Фергусон со играчите. Немојте да се лажеме, не беше се така сјајно. Бев во клубот кога Брајан Робсон замина, таму бев и кога клубот го напушти Стив Брус. Тоа беа двајца фантастични играчи, не ми се допадна тоа како се однесуваше со кон нив“.
„Имавме многу расправии во текот на годините. Ние сме возрасни луѓе и сите се бориме за една работа. Мора да има такви ситуации. Не отидов тој ден мислејќи дека мојата кариера во Јунајтед е завршена. Не ме интересира дали тоа бил Фергусон или папата. Секогаш ќе се борам за своето“.
Го обвини Фергусон и дека вработувал свои луѓе во клубот.
„Фергусон еднаш кажа дека го прави најдоброто за Манчестер Јунајттед. Глупости. Неговиот син Дарен играше за клубто и освои медал за шампионската титула. Братот си го постави за шеф на скаут службата во Јунајтед. Ме чуди што не најде место во клубот за неговата жена“.
„Дарен подоцна беше тренер во Престон, а Фергусон му испрати многу млади играчи на позајмици. Идната година Дарен доби отказ и сите играчи се вратија во Јунајтед. Дали така се работи за доброто на Манчестер Јунајтед?“, изјави Кин.