Дома Луд Спорт Трагедија: Млад албански фудбалер загина во сообраќајка

Трагедија: Млад албански фудбалер загина во сообраќајка

Албанскиот фудбалски талент со потекло од Косово, Амир Адеми загинал во Германија во тешка сообраќајна несреќа. 

Во вторникот на социјалните мрежи се појави информацијата дека младиот албански фудбалер го загубил животот во Германија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се случила тешка сообраќајна несреќа откако се удриле Пежо и Пасат, фудбалерот бил приклештен кога автомобилот се запалил и поради оганот не можел да биде извлечен од спасувачките служби.

Адеми бил фудбалер на Регенсбург и таму важел за еден од поталентираните играчи.

„Драги браќа и сестри. Со големата тага и болка објавуваме дека нашиот брат, пријател Амир Адеми почина по сообраќајката, која се случи вчера вечер. Сочуство до семејството и пријателите за големата загуба. Амир секогаш ќе биде во нашите срца“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Нереди во Франција: Бесните навивачи ги гаѓаа играчите со факели🎥

Натпреварот од 36-то коло на француската Лига 2 Троа – Валенсиен беше прекинат и зав…