Дома Фудбал Англија Успешно опериран Лапорт – следи долга пауза

Успешно опериран Лапорт – следи долга пауза

Фудбалерот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт денес беше опериран во Барселона, потврдија англиските медиуми.

Од Манчестер Сити потврдија дека Лапорт е успешно опериран откако „ја оштетил ‘рскавицата и бочиот менискус“ за време на саботниот натпревар со Брајтон.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„По повредата на менискускот и оштетувањето на коленото, врз Ејмерик Лапорт беше извршена операција во Барселона. Хируршкиот зафат е успешен, а во наредниот период ќе добиеме и детална прогноза околу текот на рехабилитацијата“, се вели во соопштението.

Се уште нема точни прогнози кога ќе се врати на теренот, но сигурно ќе отсуствува неколку месеци.

Тоа сигурно ќе биде голем хендикеп за Гвардиола, бидејќи Лапорт беше еден од најстандардните фудбалери минатата сезона за „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА во проблеми поради Кристијано Роналдо, можни тужби од репрезентации?

Светската фудбалска федерација може да се соочи со сериозни правни последици по одлуката д…