Дома Фудбал Останато Пекол во Франција: Шест тима сакаат во Лига 1 – кој ќе ја преживее драмата?

Пекол во Франција: Шест тима сакаат во Лига 1 – кој ќе ја преживее драмата?

Сите знаат колку е тензично во борбата за титулата во француската Лига 1, но тоа што го прават Монако и Пари Сен Жермен во елитата, не е ништо во споредба со речиси хичкоковската драма која се случува во втората фудбалска лига во Франција.

Во дербито за врвот од табелата, лидерот Стразбур на гостувањето кај шестопласираниот Ленс успеа да извлече бод (1:1) и јасно е дека ќе има фотофиниш во борба за првите две места од втората лига. Тоа е факт бидејќи разликата меѓу првиот и шестиот на табелата, односно вчерашните два ривали, е пет бода, а до крајот остануваат уште две кола.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Правилата на Лига 2 наложуваат првите два тима директно да се пласираат во Лига 1, а третопласираниот да игра бараж со тимот кој во елитното натпреварување се наоѓа на 18-то место.

Синоќа на стадионот Феликс Болер гледачите можеа да гледаат отворен фудбал во кој нешто подобар беше Ленс, само што тој факт не успеа да го преточи и во победа. Тие поведоа први во 66-та минута со голот на Кени Лалa од пенал. Но, радоста на домаќините траеше само две минути, бидејќи Калид Бутаиб донесе израмнување за гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…