Дома Луд Спорт Канте е голем човек: Се појави на свадба кај навивач на Челзи!

Канте е голем човек: Се појави на свадба кај навивач на Челзи!

Ѕвездата на Челзи, Нголо Канте поради својата скромност е омилен во фудбалскиот свет, а сега уште еднаш покажа дека е голем човек.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Канте уште еднаш ги изненади фановите откако ја прифати поканата на еден навивач на Челзи да присуствува на свадбата на неговата ќерка.

Френк Калид се сретнал со Канте во еден лондонски ресторан, и го поканил францускиот репрезентативец на свадбата, и тој наместо да одбие не само што се појавил, туку и останал до крајот на свадбата.

Канте пристигнал на време и притоа се дружел со гостите на венчавката.

„Остана до крајот на вечерта, беше толку драг со сите. Се сликаше, делеше автограми… Тој е неверојатен човек и има златно срце. Сите ги усреќи“, кажа таткото на Хана Калид, девојката која се венчала за Рахел Малик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…