Во текот на целото лето, бразилецот Нејмар инсистираше да замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, меѓутоа до тој трансфер не дојде.
Иако во последните денови од преодниот рок двата клуба се обидоа да пронајдат заеднички јазик, желбата на Бразилецот да се врати на Камп Ноу не беше остварена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и следното лето ќе инсистира на враќање, а Барселона тогаш ќе има полесна работа. Со тоа, на своја страна ќе го има и правилникот на ФИФА.
Имено, Мундо Депортиво пишува дека ФИФА за 12 месеци може да го одреди износот на откупната клазула бидејќи во меѓувреме ќе помине таканаречениот „заштитен период“.
Тоа правило се однесува на играчите кои во своите договори немаат откупна клазула, три сезони се биле членови на тој клуб, а во меѓувреме не ја продолжиле соработката.
Во тој случај ФИФА му дава право на играчот да го напушти клубот со плаќање на компензација која се пресметува со формула на основа на цената на играчот.
Наводно, агентите на Нејмар веќе се консултирале со ФИФА и знаат дека трансферот може да се реализира за износ од 170 милиони евра.
ПСЖ во текот на ова лето бараше многу повеќе, но за 12 месеци тоа нема да биде случај бидејќи ФИФА ќе го одреди износот за кој Бразилецот може да замине од Франција.