Дома Фудбал Лига на шампиони Чуда се случуваат, но дали и во Торино ?

Чуда се случуваат, но дали и во Торино ?

Екипата на Монако вечерва ќе има пеколно тешка задача на гостински терен во Торино да надополни негатива од два гола од првиот натпревар.

На тимот предводен од Леонардо Жардим во првиот натпревар според зборовите на нивниот најдобар играч, Мбапе му недостасуваше искуство и присебност пред шеснаесетникот на Италијанците.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Од друга страна пак од таборот на „старата дама” посочуваат дека во ниту еден момент не смеат да потценат екипа која успеа да елиминира клубови како Манчестер Сити и Борусија Дортмунд. Во тимот на Јувентус за овој натпревар се враќа Германецот Сами Кедира кој ја пропушти првата средба во „кнежеството“ поради жолти картони.

Покрај предноста од првиот натпревар на страната на Италијанците е и традиција која вели дека Јувентус никогаш не бил елиминиран од француска екипа, како и тоа дека досега Монако нема гостинска победа против „бјанконерите”.

Се е на страната на Јувентус, но сигурно дека Жардим ќе пронајде начин да ги мотивира своите фудбалери кои оваа сезона беа најпријатното изненадување во Лигата на шампионите да дадат се од себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…