Дома Останати Кошарка Србија на отварањето на Мундобаскетот ја прегази Ангола (ВИДЕО)

Србија на отварањето на Мундобаскетот ја прегази Ангола (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија на одличен начин го отвори Светското првенство во кошаркар.

Србија славеше со 46 поени разлика против Ангола со 105:59. Карлос Мораиш и Богдан Богдановиќ ја обележаа прватач етвртина, а Богдановиќ постигна три тројки во исто толку обиди во првата четвртина.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ангола се држеше првите минути со одличен шут, но само прашање на време беше кога ќе паднат. За ситуацијата за нив да биде полоша српските кошаркари скоро и да не промашуваа.

Во еден момент имаа 7/8 за три поени, дури и Јокиќ кој не шутираше многу во припремниот период погоди две тројки од два обиди во првото полувреме.

Втората четвртина ја доби Србија со 21:12, па прашаањето на победникот беше решено после 20 минути игра.

Никола Милутинов проигра во третата четвртина и имаше одлична соработка со Јокиќ. Поради високата разлика селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ имаше прилика да проба разни петорки.

Предноста на Србија само растеше, а на крајот стигнаа до конечните 46 поени разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан за малку не го постави најлошиот рекорд во клупската историја

Кошаркарите на Партизан вечерва беа поразени во Каунас од екипата на Жалгирис со резултат …