Дома Топ вести Трансфер на столетието: Мендеш носи двајца фудбалери во Барса за 100 милиони!

Трансфер на столетието: Мендеш носи двајца фудбалери во Барса за 100 милиони!

Славниот португалски менаџер Жорге Мендеш веќе го припрема „теренот“ за летниот преоден рок оваа сезона.

Имено, Мендеш е познат по големите трансфери и влијанието кое го има на голем број фудбалери, па се чини дека веќе припремил „пеколен план“ ова лето.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Португалецот сега е спремен конечно да вмеша прсти во трансфер политиката на Барселона. Медиумите пренесуваат дека тој оваа недела ќе има состанок со Каталонците на кој ќе им понуди двајцата фудалери, Бернардо Силва од Монако и Жоао Кансело од Валенсија.

Исто така се спомнува дека Мендеш би можел да бара трансфер на Луис Суарез во некој од клубовите со кои соработува.

Споменатите фудбалери се португалски репрезентативци, Силва е плејмејкер, додека Кансело е десен бек, позиции кои се приоритет за засилување на Барселона.

Сега останува да видиме дали клубот ќе успее да се договори со Мендеш. Цената на Силва во моментов изнесува околу 80 милиони евра, додека Кансело чини околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Атлетико тргнува по напаѓачот на Милан

Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги о…