Новата сезона во ЛШ започнува наредниот месец со натпреварите од првото коло во групната фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Извлекувањето за групната фаза во новата сезона на најелитното клупско натпреварување на светот беше одржано денеска во Монако. Како и секоја година не очекуваат спектакуларни натпревари уште во групната фаза.
Оваа сезона титулата ќе ја брани Ливерпул кој претходната сезона дојде до тронот со победата во финалето против Тотенхем. Покрај европските великани, ќе ги гледаме и тимовите од нашиот регион, а тоа се Црвена Звезда и Динамо Загреб.
Тимовите го договорија распоредот на натпреварите во групната фаза, а УЕФА го објави распоредот од сите кола. Натпревари ќе се играат на 17. и 18. септември, 1. и 2. октомври, 22. и 23. октомври, 5. и 6. ноември, 26. и 27. ноември и 10. и 11. декември.

