Утре од 19 часот Вардар ќе го започне настапот на Супер Глоуб турнирот кој важи клупско светско првенство.
Црвено-црните во Дамам, Саудиска Арабија ќе ја бркаат светската титула.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар во четвртфиналето ќе се соочи со победникот од натпревар Ал Мудхар – Њујорк Сити, овој натпревар е закажан за 19:00 часот. Со кого и да игра Вардар ќе биде асполутен фаворит.
Кил за влез помеѓу осумте најдобри денес ќе игра квалификации против Сиднеј и се очекува да ја оправда фаворитската улога, победникот од овој натпревар ќе оди на судир со Замален.
Во четвртфиналето утре ќе играат уште: Ал Вехда (Саудиска Арабија) – Таубате (Бразил) и Барселона (Шпанија) – Ал Духаил (Катар).
Сите натпревари од четвртфиналето ќе бидат директно пренесувани на Телма.