Дома Фудбал Италија Игуаин спасител: „Старата дама“ се спаси од пораз со гол во продолжението

Игуаин спасител: „Старата дама“ се спаси од пораз со гол во продолжението

Шампионот и лидер во Серија А, екипата на Јувентус синоќа во градското дерби со Торино се спаси од пораз благодарение на голот на Гонзало Игуаин постигнат во втората минута од судиското надополнување.

Претходно, во 52.минута Адем Љајиќ го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Во последните три рунди на Јувентус му е потребен само еден бод за да ја одбрани шампионската титула.

На првиот синоќешен дуел Наполи – Каљари 3:1.

Другите натпревари од 35.коло на програмата се денес:
Удинезе – Аталанта,
Емполи – Болоња,
Пескара – Кротоне,
Сасуоло – Фиорентина,
Џенова – Интер,
Киево – Палермо,
Лацио – Сампдорија и
Милан Рома.

Табела: Јувентус 85 бода, Наполи 77, Рома 75, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 55

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тага во Реал Мадрид: „Се збогува во солзи со соиграчите во соблекувалната“

Вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Севиља заврши со победа на Реал од 2:0, што ги о…