Дома Фудбал Останато Каков баксуз: Кога ќе имате лош ден сетете се на овој човек!

Каков баксуз: Кога ќе имате лош ден сетете се на овој човек!

За викендот својот натпревар од второто коло во турската Супер Лига го одиграа Ризеспор и Сивас и во тој натпревар домаќините славеа со 2:1.

Овој натпревар нема да остане запаметен по головите, ниту по некоја одлична игра која имавме прилика да ја видиме, туку поради една бизарна ситуација со еден фудбалер на домаќините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, мароканскиот интернационалец Мустафа Ел Кабир од неразјаснети околности не тргнал со својот тим на одигрувањето на овој натпревар. Неговите соиграчи и стручниот штаб го заборавиле на автобуска станица!?

Него не му останало ништо друго туку да пронајде такси за да стигне на време. Меѓутоа тука не бил крајот на неговите проблеми. При влезот на стадионот имал проблем со обезбедувањето кое не муверувало дека играч, меутоа некако успеал да ги убеди и на крајот го пуштиле да влезе.

И ако мислевте дека тука завршиле неговите проблеми не е така – има уште. На овој натпревар тој заработил повреда уште во 12-тата минута и поради тоа ќе паузира шест месеци!

Значи – кога ќе имате лош ден, помислете на овој човек…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…