Франческо Ачерби, 31 годишниот стопер на Лацио вчера прекина низа која веројатно никој никогаш нема да ја достигне.
Во победата на Лацио над Сампдорија Ачерби беше заменет во 70-тата минута. Тоа не му се случило (да биде заменет) шест години во италијанското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последен пат кога беше заменет тоа се случи во 2013 година кога играше за Киево во натпревар против Фиорентина.
Интересно е што во јануари оваа година имаше прилика да го одигра 150-тиот натпревар во низа во кој не излегол од игра со што би постабил рекорд во Серија А, но неговата надеж заврши со црвенитот картон кој го доби во тој натпревар во 70-тата минута. Лацио го изгуби тој натпревар со 2:1
Ачерби во Серија А освен за Киево и Лацио играше за Реџина Џенова, Милан и Сасуоло.