Дома Фудбал Италија Скарони: Милан е светски, Јувентус италијански клуб

Скарони: Милан е светски, Јувентус италијански клуб

Денес со натпреварот помеѓу Парма и Јувентус во 18:00 часот стартува новата сезона во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред стартот на сезоната претседателот на Милан, Паоло Скарони кој ќе се обиде да го врати Милан на старите патеки испрати мала провокација до ривалот од Торино.

Скарони го спореди Милан со Јувентус и потенцираше дека Милан е светски клуб, а Јувентус само италијански поради трофеите кои во Европа кој ги имаат освоено „росонерите“.

„Милан е светски клуб затоа што имаме освоено седум титули во Лигата на шампионите. Јувентус има помалку во Европа и повеќе во Италија, тие се италијански клуб. Секако дека и тоа е резултат за почит“, изјави Скарони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лацио го напушти натпреварот, Милан ја најде формулата за отфрлениот играч

Иако пред година и половина беше платен на Фејенорд огромни 32 милиони евра, познатиот мек…