Дома Македонски спорт Марко сега 64 километри ќе плива за лицата со ретки болести: Сите сме исти пред Бога!

Марко сега 64 километри ќе плива за лицата со ретки болести: Сите сме исти пред Бога!

Марко Пејчиновски минатата година ја преплива делницата Св.Наум – Охирд и тоа го направи на 12 години, со претрпен инфракт на долните екстремитети, а оваа година Марко пред неколку дена најави нешто поголемо.

Тој на празникот Голема Богородица на 28-ми август ќе плива по следнава патека: Охрид –Св.Наум- Струга-Охрид. Кога се ќе се собере тоа е патека од 64 километри.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сега за порталот „Охрид Њуз“ Марко зборуваше за своите цели и порача дека ќе плива за децата со ретки болести.

„Ќе речете ЗА КОГО? ЗОШТО? КАКО?

„ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ. ЗА ДА ЈА ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА НИВНОТО МЕСТО И ТРЕТМАН ОД И ВО ОПШТЕСТВОТО. ЌЕ ПЛИВА ИСКРЕНО И ОД СРЦЕ , СО ЉУБОВ, од НЕГО „реткиот“ ЗА НИВ „РЕТКИТЕ“…ЗА ДА СТАНАТ ПОВИДЛИВИ, ПРИФАТЕНИ и НЕРАЗДЕЛЕН ДЕЛ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ“, изјави Марко за „Охрид Њуз“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…