Интересна сцена се случи вчера во натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Партизан и Молде.
Напаѓачот на домаќините Умар Садик камерите го „уловија“ како на сред натпревар разговара на телефон и притоа седи на оградата блиску до трибината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер го започна натпреварот. Ги одигра првите 45 минути, но тренерот на црно-белите го замени на полувреме и на негово место во игра го внесе Огнен Ожеговиќ.
Садик во меѓувреме се пресоблече. Седна на оградата и на телефонот разговараше, а судејќи според неговите гестикулации не беше премногу расположен.
Партизан овој натпревар го доби со 2:1.