Дома Трансфер зона Монако се договори со поранешниот играч на Јувентус

Монако се договори со поранешниот играч на Јувентус

Според пишувањата на француските медиуми, Монако ќе добие уште едно големо засилување.

Монако лошо ја отвори сезоната и очајнички трага по засилувања, а дресот во наредните денови би требало да го облече 25- годишниот габонски фудбалер Марио Лемина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лемина од 2017. година настапува за Саутемптон, а француските медиуми пишуваат дека се договорени личните услови со Монако и дека до потпис останува уште да падне договор помеѓу клубовите.

Наводно работата ќе биде реализирана со што Лемина ќе пристигне во Монако на позајмица со право на откуп, а во медиумите како сума за која целата работа може да биде реализирана се споменува 20 милиони евра.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде враќање за Лемина во Франција, каде ја започна кариерата. Да потсетиме, започна во Лориент од каде потоа замина во Марсеј, а пред да дојде во Англија имаше прилика да настапува и за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…