Шангај Шенуоха славеше на гости кај Далијан Џифанг со 3:2 во полуфиналето од кинескиот куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Херој на Шангај беше поранешниот напаѓач на Рома Стефан Ел Шарави кој постигна два гола, додека еден беше дело на Морено.
Ел Шарави на два пати во дваесетина минути го лобуваше противничкиот голман, прво во 22-та минута, а потоа во финишот од полувремето.
На овој натпревар во листата на стрелци се запиша и Марек Хамшик кој во Кина пристигна од Наполи, но неговиот гол за 1:0 во 14-тата минута не беше доволен за Далијан.