Дома Топ вести Беше европски шампион, го платија цело богатство, а сега го праќаат на позајмица!

Беше европски шампион, го платија цело богатство, а сега го праќаат на позајмица!

Ренато Санчез беше голема трансфер ѕвезда минатото лето. Многу клубови се бореа за неговиот потпис, а на крајот Португалецот заврши во Баерн Минхен.

Последните информации од Германија говорат дека Баерн сака да го испрати на позајмица играчот кој минатото лето пристигна од Бенфика за 35 милиони евра плус 15 милиони како бонуси.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Санчез беше ѕвезда на Европското првенство и стана европски шампион со Португалија како најмлад член на тимот, а веднаш потоа потпиша петгодишен договор со Баерн Минхен.

Меѓутоа не успеа да се наметне кај тренерот Анчелоти и оваа сезона добиваше многу мала минутажа кај Баварците. Сепак, германскиот клуб не сака да се откаже од талентираниот играч за врска, па сака да го испрати на позајмица.

Како најзаинтересирани клубови за Санчез во моментов се Олимпик Марсеј и Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…