Дома Фудбал Сагата со Кутињо заврши, што ова значи за Нејмар?

Сагата со Кутињо заврши, што ова значи за Нејмар?

Според информациите од Шпанија се очекува трансферот на Кутињо да биде официјално објавен во следните неколку часа, а неговата следна дестинација е минхенски Баерн.

Баварците постигнале договор со Кутињо. Претходно е постигнат договор за двегодишна позајмица со Барселона и сега се чека на официјална потврда.

Кутињо во година ипол на Камп Ноу не ги оправда очекувањата. Фактот што беше платен 145 милиони евра не помогна премногу, бидејќи Бразилецот прикажа скромни партии.

Откако овој трансфер ќе биде официјализиран, се поставува прашањето што со Нејмар?

Во медимуите целиот изминат период се шпекулираше дека Кутињо е дел од понудата со која Барса сака да го врати Нејмар на Камп Ноу, но сега од тоа нема да има ништо.

Кутињо за Барса одигра 75 натпревари и постигна 21 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…