Дома Фудбал Германија Баерн завршува уште еден трансфер!

Баерн завршува уште еден трансфер!

Јасно е дека и после ангажманот на Иван Перишиќ, преодниот рок за Баварците не е завршен.

Потребни им се уште засилувања, особено после повредата на Леон Горецка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч на Шалке и репрезентативец на Германија заработи повреда, а се уште не е познато колку ќе отсуствува од теренот, но јасно е дека ова е голем удар за екипата на Нико Ковач.

Сепак, изгледа дека управата експресно ќе реагира и хрватскиот стручњак веднаш ќе добие замена.

Како што и претходно најавивме, нов играч на клубот од Алијанц Арена во наредните денови би требало да стане Микаел Каусинс.

Германски Скај пренесува дека детали го делат трасферот од реализација и дека се може да биде готово денеска или утре.

Каусинс важи за еден од најталентираните играчи од средниот ред во Германија, минатата сезона сепак не се изнаигра во Менхенгладбах, но јасно е дека овој 19-годишен фудбалер има огромен потенцијал, за што очигледно се свесни и во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…