Фудбалерот на Арсенал Месут Озил заедно со соиграчот Сеад Колашинац минуваат низ проблематичен период низ животот.
Се започна кон крајот на јули кога двајцата фудбалери беа мета на грабеж. Колашинац тогаш излезе од автомобилот на Озил и тргна да се пресметува со разбојниците. На крајот добро се заврши за двајцата, но бандата сега започна да го возвраќа ударот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку инциденти беа забележани после тој суди, а наводно и сопругата на Колшинац го напуштила Лондон, додека Озил изнајмил голема заштита за својата куќа. Домот на Озил го чува силно обезбедување кое со себе има кучиња. Ќе потсетиме минатата недела две лица беа уапсени во близина на куќата на Озил.
Во недела вечерта обезбедувањето патролираше пред домот на Озил, а интересно е што играчот за врска не бил забележан никаде во текот на викендот. Очигледно и тој го напуштил градот заедно со Колашинац. Двајцата фудбалери беа ослободени од Арсенал за првото коло против Њукасл.