Дома Топ вести Монако ја одреди цената за Мбапе – два клуба спремни да ја платат!

Монако ја одреди цената за Мбапе – два клуба спремни да ја платат!

Килијан Мбапе е најголемото фудбалско откритие оваа сезона во фудбалска Европа, па вечерва сите очи ќе бидат вперени во него на мечот против Јувентус во ЛШ.

Иако готово сите европски гиганти се заинтересирани за потписот на овој 18-годишен напаѓач, неговиот агент пред неколку дена изјави дека само четири клуба можат да си дозволат да го купат, а тоа се Реал Мадрид, Барселона, и клубовите од Манчестер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Медиумите пренесуваат дека Монако веќе ја одредил цената и таа изнесува 120 милиони евра, што значи дека Мбапе ќе постави нов светски рекорд.

Реал Мадрид е спремен да ја плати оваа сума, но не е единствениот бидејќи и за Манчестер Сити оваа сума не преставува проблем. Останатите два клуба сметаат дека оваа сума е превисока за тинејџерот.

Француските медиуми пак се сомневаат дека ова лето Мбапе ќе го напушти Монако и тврдат дека тој ќе направи трансфер дури следното лето после Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…