Дома Фудбал Англија „Лукаку има вишок килограми и е непрофесионален“

„Лукаку има вишок килограми и е непрофесионален“

Ромелу Лукаку пристигна во Милано, кој после лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нероаѕурите на Манчестер Јунајтед за неговите услуги ќе плати 65 милиони евра со дополнителни бонуси, а 26-годишниот играч набрзо ќе стане член на италијанскиот великан.

Неговото заминување од Јунајтед очигледно тешко му паднало на поранашниот играч и легенда на клубот Гери Невил, кој на Твитер порача дека Лукаку има вишок килограми и е непрофесионален.

„Призна дека е претежок, има преку 100 килограми. Ќе постигнува погодоци и ќе му биде добро во Интер, но непрофесионализмот е заразен.“ – напиша Невил.

Лукаку заминува од Јунајтед после две години и со учинок од 42 погодоци во 96 настапи за Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе е речиси јасно: Познат потенцијалниот противник на Босна во нокаут фазата

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на прагот да обезбеди место во елимина…