Македонскиот и европски шампион Вардар на крајот на овој месец ќе учествува на Супер Глоуб турнирот кој важи за неофицијално светско првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Домаќин на овој турнир е Саудиска Арабија, а денес Вардар го дозна расоредот. Црвено-црните турнирот го започнуваат од четвртфиналето и во него ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Ал Мудхар и Њујорк.
Без разлика кој ќе биде противникот Вардар ќе биде голем фаворит и не би требало да има проблеми да се избори за полуфинале, а таму може да се сретне со германски Кил.
Кил доби покана од организаторот на турнирот и во четвртфиналето ќе игра против Сиднеј.
Очекувањата се во полуфиналето да гледаме меч помеѓу Вардар и Кил.
За Вардар ова ќе биде второ учество на овој турнир.