Дома Ракомет Веспрем е четвртиот учесник во „фајнафор“ доигрувањето во ракометната шампионска лига

Веспрем е четвртиот учесник во „фајнафор“ доигрувањето во ракометната шампионска лига

Унгарскиот шампион Веспрем е последниот тим кој обезбеди учество на завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет. Претходно место на турнирот во Келн обезбедија Барселона, Вардар и ПСЖ.

Веспрем го доби двомечот со Монпелје и по триумфот на домаше нрен во првиот меч, победи во Монпелје 25:30.

Унгарскиот првак до победата го предводеше исландскиот репрезентативец Палмарсон со седум голови, додека кај Монпелје најефикасен беше новиот играч на Барселона Јуре Доленц со девет голови.

Извлекувањето на полуфиналните двојки ќе се одржи на 2.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пет злата за Олимпија во Тиволи, Андреа Нисева успешна и меѓу сениорките

Штипска Олимпија го заврши турнирот „Императоре Адријано“ со пет златни и еден бронзен мед…