Дома Фудбал Италија Фото: Елиф Елмас утрово замина за Рим

Фото: Елиф Елмас утрово замина за Рим

Македонскиот репрезентативец утрово замина за Рим каде денеска треба да ги помине медицинските прегледи и да го комплетира трансферот во Наполи.

Откако синоќа Фенербахче го потврди трансфер договорот со Наполи, утрово Елмас заедно со својот татко и Никола Ѓошевски, кои се негови менаџери заминаа за Рим каде треба да ги помине лекарските прегледи.

Трансферот е вреден 16 милиони евра плус два милиони после одиграни 50 натпревари во дресот на Наполи.

Инаку, со трансферот на Елмас во Наполи се урнати два рекорди: Тој ќе стане најскапиот македонски фудбалер, рекорден трансфер за еден наш играч. Но ќе биде и рекордна продажба на Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го сруши Тотенхем и се пласира во следната фаза: Со спектакуларен гол на Собослај се запечати победата на Енфилд!

Ливерпул се избори за место во четвртото коло на Лига купот, откако на Енфилд го совлада Т…