Френк Лампард го доживеа првиот пораз на кормилото на Челзи во пријателскиот натпревар против Кавасаки Фронтајл од Јапонија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Сините“ се на подготовки во Јапонија каде денес одиграа пријателски меч на кој загубија со 1:0.
За тимот од Лондон денес дебитираше новото засилување Кристиан Пулишиќ, а Челзи иако беше подобар тим на теренот, не успеа да реализира неколку добри шанси преку Педро и Батчуаи.
Јапонскиот клуб ги казни промашувањата на „сините“ во 88-та минута, кога Дамиао го постигна победоносниот гол.
https://youtu.be/BEsIgT1Yz3s