Каталонските медиуми лансираа вистинска бомба и пренесуваат дека Барселона тргнала по најголемото засилување за следната сезона – Марко Верати.
Играчот за кого Чави и Иниеста изјавија дека е нивниот легитимен наследник е најголема желба на Барселона во летниот преоден рок. Медиумите пренесуваат дека Каталонците веќе ги направиле првите чекори и започнале преговори со агентот на Верати, Донато ди Кампли.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Раководството на Барса сака да се информира колкави се шансите Италијанецот да пристигне на „Камп Ноу“, а извори блиски до играчот потврдуваат дека постои обострана желба и дека каталонскиот клуб е прв избор на Верати.
Сепак, проблем претставува ПСЖ кој не сака да слушне за неговата продажба, но агентот во наредните недели ќе прави притисок и ќе се обиде да ги „омекне“ ставовите на францускиот клуб.
Барселона е спремна да издвои 70 милиони евра за неговиот потпис, но прашање е дали и тие ќе бидат доволни.