Со оглед на тоа дека помина веќе месец ипол од финалето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем малку е да се каже дека најсилниот европски фудбал ни недостасува.
Убаво е понекогаш малку да се одмори, но со оглед дека без Премиер лигата, Серија А, Лига 1, Бундес лига и Ла Лига сме цели два месеци можеме слободно да кажеме дека сме спремни за нови возбудувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа овие денови многумина ги интересира кога започнува сезоната во овие натпреварувања.
Според многумина најсилната лига во светот, Премиер лигата оваа сезона ќе стартува на 9-ти август. Таа заедно со француската Лига 1 ќе биде прва која ќе започне. Првиот натпревар кој се игра во петок (9-ти август) навечер ќе го одиграат Ливерпул и Норвич. Од друга страна Лига 1 ја отвараат Монако и Лион.
Следните две првенства кои стартуваат ќе бидат Бундес лигата и Ла Лига. Во Германија и Шпанија фудбал во најсилната конкуренција ќе започне да се игра на 16-ти август. Баерн и Херта ќе ја отворат Бундес лигата, додека првиот натпревар во Ла Лига ќе го играат Атлетик Билбао и Херта.
Како што и сме навикнати последно првенство кое започнува е Серија А. Италијаните оваа сезона би требало да ја отворат во сабота (24-ти август), а засега распоредот се уште не е познат и поради тоа не знаеме кој ќе игра во првото коло.
Значи до почетокот на возбудувањата во најсилниот европски фудбал ни остана уште помалку од еден месец.