Дома Топ вести „Откажувањето не е во ДНК на семејството Михајловиќ“ – порачаа ќерките на Синиша

„Откажувањето не е во ДНК на семејството Михајловиќ“ – порачаа ќерките на Синиша

По прес конференција на која нивниот славен татко, бившата фудбалска ѕвезда Синиша Михајловиќ, за јавноста откри дека боледува од леукемија, на социјалните мрежи се огласија неговите ќерки Викторија и Вирџинија. Тие имаат силни пораки за својот татко.

Актуелниот предводник на Болоња, Синиша Михајловиќ на прес конференцијата покажа дека и во иднина ќе остане онаков пргав и борбен каков што беше на зелениот терен. Популарниот Миха јавно порача дека нема намера да се предаде и дека со сите сили ќе се бори против болеста.

Поддршка на својот татко му даваат и ќерките Викторија и Вирџинија.

„Велат дека Бог најтешките битки вообичаено им ги дава на најдобрите војници. Дури иако не ви одговара, знаете дека читам сè и од срце ви благодарам на сите. Ние сме семејството Михајловиќ и откажувањето од борба не е во нашата ДНК, е пораката од Викторија.

Неговата помлада ќерка Вирџинија кратко напиша: „ВОИН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…