Дома Фудбал Германија Жолто славје среде Минхен – Баерн загуби уште еден трофеј!

Жолто славје среде Минхен – Баерн загуби уште еден трофеј!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд, со пресврт, славеа во Минхен против Баерн 3:2 и се пласираа во финалето на германскиот Куп.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баерн имаше предност по првото полувреме, но екипата од Дортмунд, предводена од Дембеле, со два гола обезбеди ново финале во националниот Куп.

Младиот Французин Дембеле му асистирапе на Ројс кој го постигна првиот гол на натпреварот, но Баерн по првиот дел имаше предност од 2:1, откако Бирки го совалдаа Хави Мартинез и Хумелс.

Во второто полувреме, Дембеле запиша нова аситенција, кога Обамејанг израмни на 2:2, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 2:3.

Борусија во финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, кој во вторникот дури по изведувањето на пенали ја совлада Борусија Мнхенгладбах.

Финалниот меч ќе се одигра во Берлин на 27.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Леао се пожали за тоа што му се случувало во Милан и откри каде сака да продолжи

Рафаел Леао веќе потврди дека ќе го напушти Милан ова лето, а сега откри и каде би сакал д…