Дома Македонски спорт Штета: Шкупи во пет минути прокоцка два гола предност во Ерменија (ВИДЕО)

Штета: Шкупи во пет минути прокоцка два гола предност во Ерменија (ВИДЕО)

Тимот на Шкупи денес ги започна квалификациите за Лигата на Европа.

Шкупи играше против Пјуник на гостински терен и не беше фаворит, но на крајот беше блиску до победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјуник до водство стигна уште во четвртата минута, но Шкупи преку Бајрами во 26-та и Илиески во 43-тата минута направи пресврт и поведе од 1:2, тоа беше и резултатот со кој се заврши првото полувреме.

На истекот на точно еден час Бајрами го постигна вториот гол и зголеми на 1:3 за одлична предност на македонскиот тим.

Домаќинот на 2:3 намали во 80-тата минута, а само пет минути подоцна стигнаа до изедначување.

Шкупи може да жали што прокоцка одлична предност пред реваншот во Скопје, но и ова реми оди во прилог на македонскиот претставник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…