Лионел Меси предизвика многу реакции со изјавите дека Бразил бил форсиран од страна на судиите на Копа Америка.
Меси и друштвото беа бесни после поразот во полуфиналето од Бразил (2:0), а натпреварот беше обележан со неколку дискутабилни одлуки на судијата. Аргентинците после натпреварот го критикуваа судијата и јавно зборуваа дека Бразил морал да оди во финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се кулминираше во натпреварот за трето место помеѓу Аргентина и Чиле кога после половина час Меси беше исклучен,
Меси после натпреварот одби да го прими медалот за трето место и порача дека не сака да биде дел од корупцијата која се прави на Копа Америка.
Поради таквиот коментар Меси предизвика реакции, а сега се огласи и Дани Алвес кој е добар пријател со Меси, меѓутоа во оваа ситуација не застана на страна на Аргентинецот.
„Покажа непочитување со тврдењата дека трофејот е купен. Ние сме добри пријатели и тоа сите го знаат. Но, ако ми е пријател не значи дека ја зборува вистината. Кажа некои погрешни работи, тоа веројатно беше во афект“, порача Алвес.