Ракометарите на Металург вечерва ја остварија и петтата победа во плејофот откако во 5.то коло на домашен терен го совладаа Еурофарм Работник со 33:27 (14:11).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој триумф, Металург се зацврсти на првото место на табелата со 15 бодови. Најефикасен на дуелот беше играчот на Е.Работник, Филип Чурлевски со 8 голови, додека кај Металург, Немања Обрадовиќ беше стрелец на 6 голови.
Вториот натпревар од оваа рунда се игра утре меѓу Пелистер и Охрид, додека дуелот меѓу шампион Вардар и Борец е закажан за 9 мај.
Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 9 (4), Еурофарм Работник 6 (5), Охрид 6 (4), Пелистер 3 (4), Борец 0 (4).