И денешниот ден на Вимблдон не помина без изненадувања.
Осмиот играч во светот и четврт носител на Вимблдон е поразен од Аргентинецот Пела со 6:4:6:3, 7:6. Јужноафричкиот тенисер важеше за голем фаворит, а на крајот не освои ниту еден сет. Пела во следната фаза ќе игра против Милош Раониќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното дојде до победа против полскиот тенисер Хуркаж. Новак првиот сет го доби со 7:5, но во вториот изгуби во тај-брејк.
Во следните два сета Новак заигра посериозно и со 6:1 и 6:4 го победи својот ривал. Во наредната рунда Србинот ќе игра против победникот од мечот Аугер Алисим – Хумберт.
Фернандо Вердаско на искуство го доби Фабиан во три сета со тоа што Бразилецот во последниот поен направи двојна грешка. Вердаско славеше со 6:4, 7:6 и 6:4.