Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Флорентино Перез е спремен ова лето да го продаде Лука Модриќ.
Имено, медиумите како причина за ваквата одлука го наведуваат фактот дека Перез сака да донесе нова ѕвезда во средниот ред и ирач кој ќе има поголем маркетиншки потенцијал од Хрватот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Притоа, претседателот на „кралевите“ смета дека Модриќ веќе ги одиграл најдобрите денови и дека сега е вистинскиот период добро да се заработи на неговата продажба.
Како најсериозен кандидат за потписот на Модриќ во моментов е Баерн Минхен, бидејќи Анчелоти смета дека Хрватот ќе биде иделана замена за Чаби Алонсо.
Како замена за Модриќ прва желба на „крачевите“ е Марко Верати кој важи за најдобриот млад плејмејкер во светот, а медиумите тврдат дека покрај Италијанецот, Перез сака да го донесе и Кутињо од Ливерпул.
Овие двајца фудбалери се млади и треба да му дадат нова свежина на средниот ред на тимот, па поради тоа претседателот одлучил да го „жртвува“ Лука Модриќ.
Ова е само доказ дека Перез не се откажува од својата филозофија и дека бизнисот и маркетингот се пред се!