Дома Фудбал Официјално: Бенфика се засили со напаѓачот на Реал Мадрид

Официјално: Бенфика се засили со напаѓачот на Реал Мадрид

Реал Мадрид во досегашниот преоден рок донесе неколку засилувања, а сега дојде време за продажба.

Кралевите мора да продадат неколку фудбалери поради финансискиот фер-плеј, а прв кој го напушти Сантијаго Бернабеу е Раул де Томас кој од денеска е нов играч на Бенфика.

За Де Томас немаше место во екипата на Реал, а претходната сезона ја помина на позајмица во Рајо Ваљекано. Но, веднаш после истекот на позајмицата, Реал го договори неговиот трансфер во Бенфика која плати 20 милиони евра.

Овој 24-годишен напаѓач е дете на Реал Мадрид, но не успеа да добие шанса во првиот тим. Најчесто заминуваше на позајмица, а овој пат дојде време за разделба.

Претходната сезона за Рајо одигра 33 натпревари во Ла Лига и запиша 14 погодоци и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…