Дома Фудбал Репрезентации Перу после 44 години ќе игра во финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Перу после 44 години ќе игра во финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Перу е најпријатното изненадување на овогодинешното издание на Копа Америка. После Уругвај Перуанците го исфрлија и Чиле за пласман во големото финале.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Перу убедливо го победи Чиле со 3:0 и во борба за титулата ќе игра против домаќинот Бразил кој претходно беше подобар од Аргентина.

Перуанците поведоа во 21-та минута Андреа Карлио нафрли, а погоди Едисон Флорес. Фудбалерот на Бенфика, Карлио беше асистент и при вториот гол на Перу. Ја искористи лошата проценка на голманот Аријас и додаде до Јошимар Јотун кој ја прими топката на гради и ја погоди мрежата.

Во последните минути од натпреварот Перу постигнува и трет гол. Ветеранот Гереро избегна офсајд замка и стави точка на натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=h_MuP16wJg4

Чиле имаше прилика за утешен гол и тоа во продолжението кога добија пенал. Голманот на Пери, Педро Гаљеш ја прочита намерата на Едуардо Варгас.

Перу така после 44 години се пласираше во финалето на Копа Америка. Во 1975 година беа шампиони, а во групната фаза од Бразил на ова издание беа поразени дури со 5:0.

Прилика за реванш ќе имаат на 7-ми јули со почеток во 22:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…