Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Дарио Скудери одлучи да ја прекине фудбалската кариера иако неодамна наполни 21 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој важеше за голема надеж на германскиот тим, но пред три години беше жртва на една од најтешките повреди видени на фудбалските терени.
Во 15-тата минута од натпреварот во младинската Лига на шампионите неговата Борусија играше против Легија Варшава Скудери заработи тешка скршеница после која веднаш беше пренесен во болница. Соиграчите беа во неверување и многумина уште тогаш претпоставуваа дека неговата кариера е завршена.
https://www.youtube.com/watch?v=Qovv9MDxAb0
Професорот Михаел Стробел кој го оперираше после повредата таа повреда на младиот Италијанец ја опиша како најлоша можна и уште тогаш истакна дека не верува дека Скудери ќе може повторно да игра фудбал.
„Тоа е најтешката повреда која може да се замисли. Скоро се беше скршено: Лигаментите, сите мускули, тетивите…“.
После долгиот процес на опоравување, девет операции и скоро 700 дена надвор од теренот. Скудери во минатата година почуствува како е да се игра фудбал, но набрзо сфати дека тоа не може да потрае долго и одлучи да се прости од фудбалот.
„Не беше лесна одлука. Играњето фудбал беше мој сон и дадов се од себе да го остварам. Се борев, имав понуди да продолжам да играм, но…Борусија Дортмунд е мое семејство и се радувам што ќе работам нешто ново“, изјави Скудери.
Додека Скудери се опоравуваше од тешката повреда Борусија го плаќаше сите трошоци за студирањето на спортски менаџмент и наскоро тој би требало да добие нова улога во славниот бундеслигаш.