Најдобриот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен, тврдат англиските медиуми.
Исто така и германските медиуми потврдуваат дека Карло Анчелоти го посочил Санчез како идеална замена за Франк Рибери кој веќе влегува во 35-та година од животот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Преговорите се во тек, а проблем е што Баерн нуди само 30 милиони евра бидејќи Чилеанецот влегува во последната година од договорот.
ПСЖ, Челзи и Сити се спремни да понудат многу повеќе пари, но Санчез сака да се пресели во клуб кој ќе биде конкурентен за освојување на трофеи во Европа.
За сега е извесно дека Санчез ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната, но прашање е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Доколку им се верува на англиските медиуми тој веќе го направил својот избор, а тоа е Баерн Минхен.