Дома Фудбал Англија Каков ден за навивачите на Јунајтед: Пристигна Ван Бисака, а сега потпишува и англискиот репрезентативец

Каков ден за навивачите на Јунајтед: Пристигна Ван Бисака, а сега потпишува и англискиот репрезентативец

Арон Ван-Бисака е првото засилување за Манчестер Јунајтед за наредната сезона.

Црвените ѓаволи зза 55 милиони евра го купија бекот на Кристал Палас, а тој нормално нема да биде единственото засилување. Се очекува доаѓање на уште неколку играчи, но засилувања можат да се наречат и оние кои одлучија да останат во клубот и за наредната сезона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Иако се поврзуваше со многу клубови, Маркус Рашфорд одлучи да остане лојален на Манчестер и е спремен да потпише нов договор.

Англискиот репрезентативец порасна во Манчестер и не сака така чесно да му заврти грб на клубот. Ги прифатил условите во новиот договор и се очекува наскоро да го потпише истиот.

Пред Рашфорд, потпис на нов договор стави и Хуан Мата, потпиша и Даниел Џејмс од Свонси за 20 милиони евра и полека се формира тимот со кој Солскјер ќе го нападне врвот на ПЛ следната сезона.

Ако тоа воопшто е и реално покрај Манчестер Сити и Ливерпул, кои и следната сезона ќе ја водат главната битка за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на од…