Дома Ракомет Кил и ПСЖ со победи над Барселона и Сегед во ракометната Лига на шампиони

Кил и ПСЖ со победи над Барселона и Сегед во ракометната Лига на шампиони

Екипите на Кил и на ПСЖ остварија победи на вечерва одиграните четвртфинални дуели од ракометната Лига на шампионите.

Кил пред своите навивачи ја совлада Барселона со 28:26. Германскиот тим имаше водство во текот на целиот натпревар, а најефикасен на дуелот беше Марко Вујин од Кил со 10 голови. Кирил Лазаров (Барселона) дуелот го заврши со два гола.

Францускиот шампион ПСЖ оствари победа од 30:27 на гостувањето кај ПИК Сегед. Најефикасни со по седум голови беа Михаел Хансен и Никола Карабатиќ.

На вчера одиграните дуели Вардар го победи Флензбург на гости со 26:24, а Веспрем беше подобар од Монпеље со 26:23.
Реванш дуелите од четвртфиналето се играат од четврток до недела:

Вардар – Флензбург (27.април – четврток); Барселона – Кил и ПСЖ – ПИК Сегед (29.април – сабота) и Монпеље – Веспрем (30.април – недела).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пет злата за Олимпија во Тиволи, Андреа Нисева успешна и меѓу сениорките

Штипска Олимпија го заврши турнирот „Императоре Адријано“ со пет златни и еден бронзен мед…