Екипата на Кристал Палас оствари победа на дуелот од 34.коло од Премиер лигата одигран синоќа на гости против Ливерпул на „Енфилд“ со 2:1. Стрелец на двата гола за гостите беше поранешниот играч на Ливерпул, Кристијан Бентеке во 42.минута и во 74.минута.
Голот за Ливерпул го постигна Фелипе Кутињо во 24.минута од слободен удар. Ова за Кристал Палас е трета победа по ред на теренот на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На вториот натпревар одигран вчера попладне Манчестер Јунајтед победи на гостувањето кај Барнли со 2:0. Стрелци на головите беа: Марсијал во 21.минута и Вејн Руни во 39.минута.
Резултати на вчера одиграните дуели: Борнмут – Мидлсброу 4:0, Хал – Вотфорд 2:0, Свонси – Стоук 2:0 и Вест Хем – Евертон 0:0.
Во вторник играат Челзи – Саутемптон. На 16.мај ќе се играат дуелите: Арсенал – Сандерленд и Манчестер Сити – ВБА, додека два дена подоцна е натпреварот Лестер – Тотенхем.
Табела: Челзи 75 бодови, Тотенхем 71, Ливерпул 66, Манчестер Сити 64, Манчестер Јунајтед 63, Евертон 58, Арсенал 57.