Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – португалската сензација Жоао Феликс се сели во Атлетико Мадрид.
Бенфика вечерва официјално потврди дека Атлетико Мадрид ја активирал откупната клаузула од 126 милиони евра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
18-годишниот Португалец веќе има договор со „јорганџиите“, па се очекува следните денови да пристигне во Мадрид и официјално да биде промовиран во нов грач на Атлетико.
BREAKING: #BENFICA CONFIRM JOAO FELIX WILL JOIN ATLETICO MADRID FOR €126M!#Portugal pic.twitter.com/7yqrJMjpub
— footballespana (@footballespana_) June 26, 2019
Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Ова ќе биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.
Жоао Феликс одигра феноменална сезона во Бенфика во која постигна 20 гола и запиша 11 асистенции, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа, а во Атлетико пристигнува како замена за Гризман, кој најави заминување.