Дома Останати Кошарка Видео: Мемфис израмни против СА, Годен Стејт на чекор до следната рунда!

Видео: Мемфис израмни против СА, Годен Стејт на чекор до следната рунда!

Мемфис максимално ја искористи предноста на домашниот терен и со две победи го израмни резултатот во четвртфиналната серија со Сан Антонио на 2-2.На Западот Голден Стејт победи во Портланд и сега му недостига една победа за пласман во наредната рунда.

Мемфис го доби четвртиот натпревар против Сан Антонио и израми на 2-2 во победи. Четвртиот натпревар Мемфис го доби по едно продолжение 110:108. Мајк Конли со личниот плејоф рекорд (35 поени. 9 скока, 8 асистенции) го предводеше тимот до победата. Одличен меч одигра и Шпанецот Марк Гасол, кој со своите поени му донесе продолжение на својот тим. Гасол имаше учинок од 16 поени и 12 скокови.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во редовите на Сан Антонио брилијантен беше еден од кандидатите за МВП наградата, Каваи Ленард со учинок од 43 поени, 8 скокови, 6 украдени топки и 3 асистенции, но тој немаше доволна поддршка од соиграчите. На ниво беше само Тони Паркер со 20 поени.


Голден Стејт победи во Портланд и сега му недостига една победа за пласман во наредната рунда. На Истокот, Торонто го врати брејкот, откако победи во Милвоки и израмни на 2-2, додека Атланта намали во серијата со Вашингтон на 1-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пешиќ останува селектор на српската кошаркарска репрезентација

Трофејниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска р…