Арон Ван-Бисака би требало да биде ново засилување за Манчестер Јунајтед.
22-годишниот бек на Кристал Палас е голема желба на Манчестер Јунајтед, а судејќи според фотографијата од неговото детство, желбата ниту кај него самиот не е ништо помала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако пораснал во јужен Лондон, Ван-Бисака како дете гордо го носел дресот на Манчестер и еве сега има прилика да потпиша за славиот клуб.
Младиот англиски репрезентативец Јунајтед би требало да го чини околу 55 милиони фунти, а со тоа ќе стане и најскапиот британски дефазивец во историјата.
Играчот кој блесна во Палас минатата сезона одигра 35 натпревари во ПЛ на кои запиша три асистенции.